Захарова: Москва нема илузии околу Трамп

Москва нема илузии по повод доаѓањето на власт во САД на новата администрација предводена од новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, изјави портпаролот на МНР РФ Марија Захарова.

„Ми се допаѓа како оние, кои последниве шест месеци во Русија ја поддржуваа Хилари Клинтон, сега се плашат од доаѓањето на Доналд Трамп: „Ќе видите, ќе биде лошо за Русија“. Чудна логика, со оглед на тоа дека ја поддржуваа Хилари Клинтон оние руски граѓани кои сакаа „за Русија да биде полошо“ – токму таа многу примамливо ветуваше дека ќе го реализира тоа. Тие не знаат многу за тоа „како“ таа ќе го стори тоа, „што ќе биде потоа“ и „каде сето тоа ќе нѐ одведе“. Тие само сакаа да се започне нешто што ќе доведе до содржинската и атрактивна формулација на Евгенија Албац: во 2018 година Русија ќе пропадне. А на Хилари Клинтон во тој процес ѝ беше доделена централната улога“, напиша Захарова на „Фејсбук“.

„Ако зборуваме сериозно, се разбира, по доаѓањето на новиот тим не се очекува никаква „прослава на пријателството, братството и правдата“. Никој нема никакви илузии“, додаде таа.

„Но треба да се разликува нарачаната антируска кампања од одбраната на своите национални интереси. Прво, не е толку деструктивно за Русија колку за целиот свет, затоа што на светот му треба рамнотежа. Второ, тоа е нормален работен процес, кој не е лишен од различни нус-појави“, потенцира Захарова.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња