Лавров разговараше со Штајнмаер и Кери за ситуацијата во Алепо

Шефовите на дипломатиите на Русија, Германија и САД разговараа во Хамбург за ситуацијата во сириски Алепо.

Министрите за надворешни работи на Русија и Германија, Сергеј Лавров и Франк-Валтер Штајнмаер и разговараа на состанокот во Хамбург за ситуацијата во Алепо. Ова го пренесува „Лента.ру“, повикувајќи се на извор во германската делегација.

Според него, главна тема на разговорот со Лавров биле „актуелните прашања, особено за ситуацијата во Сирија и во Алепо, како и основните прашања за безбедноста, стабилноста и мирот во Европа“. Тој исто така истакна дека разговорот бил „долг и сериозен“.

Покрај тоа, додаде изворот, Лавров и Штајнмаер „интензивно дискутирале“ на темите „контрола на вооружувањето, ситуацијата во Украина и економската соработка во рамките на ОБСЕ.

Претставник на германското министерство за надворешни работи соопшти дека Штајнмаер за време на состанокот со Лавров ја истакнал потребата од итен прекин на огнот во Алепо, отворањето на пристап за хуманитарна помош и обнова на политичкиот дијалог.

Лавров исто така разговараше за ситуацијата во Алепо и со американскиот државен секретар Џон Кери. „Тие разговараа за мултилатералните напори за постигнување прекин на огнот во Алепо и испораката на хуманитарна помош за десетиците илјади цивили во Сирија на кои им е силно потребна“, изјави портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби.

Пред средбата со Кери Лавров нагласи дека Русија ја поддржува иницијативата на САД за Алепо од 2 декември.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња