Во американската армија ќе се појави „руски полк“

На армијата на САД ѝ е потребна специјална единица со„руска“ воена техника.

На американската армија првпат од времето на студената војна ѝ е потребна специјална единица која би била во состојба да ги имитира руските вооружени сили. Со таа цел 11 оклопен кавалериски полк „Црн коњ“ беше делумно реорганизиран и опремен со воена техника која потсетува на руската.

На армијата на САД повторно ѝ се потребни „професионални агресори“ кои ќе изгруваат руска армија на маневрите. Таа задача му е доверена на 11 оклопен кавалериски полк кој помина 17 години во Западна Германија, подготвен да го брани од советските тенкови стратешкиот премин кај градот Фулда, наречен „Термопилскиот теснец на студената војна“, пишува „Взгљад“.

Поради „почесната“ улога на агресор, 11 полк е опремен со оклопни возила М113 кои потсетуваат на руските БМП-2, а има и возила кои потсетуваат на БРДМ-2, како и школски тенкови и противтенковски топови кои личат на руските „Рапири“.

„Взгљад“ исто таа потсетува дека во периодот од крајот на студената војна до пред 10 години овие војници не глумеа Руси, туку ирачки востаници. Во американската пустина беше изграден град на непостојната држава Мохавија преполн со „терористи“, и тоа место беа должи да го посетат сите воени единици пред да бидат испратени во Ирак.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња