Русија се откажува од ракетите „Сојуз-У“

Последниот старт на советскиот носач на ракети е планиран за февруари 2017 година, соопшти извор во ракетно-космичката индустрија.

„Роскосмос“ ќе се откаже од употреба на ракетите „Сојуз-У“. Последниот старт  на советскиот носач на ракети е планиран за февруари 2017 година, соопшти извор во ракетно-космичката индустрија.

„Според плановите на „Роскосмос“, ракетата „Сојуз-У“ ќе се искористи уште еднаш - во февруари 2017 година за лансирање на вселенски товарен брод „Прогрес MC-05“. Не се планира понатамошна нарачка на ракетата-носач „Сојуз-У“, изјави изворот, пренесува „Лента.ру“.

Според него, лансирањето на товарните вселенски бродови до Меѓународната вселенска станица ќе се реализираат со ракета „Сојуз-2-1A“, а лансирањето на вселенски летала со екипаж ќе продолжи со носачот на ракети „Сојуз-ФГ“.

Претходно, директорот на Ракетно-вселенскиот центар „Прогрес“ Александар Кирилин соопшти дека компанијата престанала со производството на ракети „Сојуз-У“.

Ракетата-носач од средна класа „Сојуз-У“ е разработена врз основа на ракетата „Сојуз“ и се користи од 1973 година. „Сојуз-У“ од неговите претходници се разликува според моторите за прва и втора етапа со зголемена моќност.  На ракетата „Сојуз-ФГ“ се инсталирани посилни мотори, а со тоа и капацитет за носење товар е повисок од оној на „Сојуз-У“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња