Последниве денови успеа радикално да се промени ситуацијата во Алепо во Сирија, а Западот со неговата оценка покажува „зачудувачко слепило“, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на Русија генерал-мајор Игор Конашенков.
Оваа изјава беше одговор на зборовите на претставниците на Стејт департментот на САД и министерствата за надворешни работи на Велика Британија и Франција за наводните „неверојатни загуби“ на цивилите во текот на операцијата во Алепо на сириските сили, како и на повиците на одделни пратеници Бундестагот за воведување нови санкции против Русија.
„Зачудувачко „слепило“ ги зафаќа нашите западни колеги штом ќе стане збор за оценување на реалната состојба во Алепо. Последниве денови благодарение на добро подготвените и внимателни акции на сириските војници успеа да се промени состојбата. Фактички половина од територијата окупирана од страна на милитантите последниве години од источниот дел на Алепо е целосно ослободена“, изјави Конашенков, пренесува РИА „Новости“.
Портпаролот на Министерството за одбрана на РФ потенцираше дека „најважно е – ослободени се повеќе од 80 илјади Сиријци кои живеат таму, десетици илјади деца“,и првпат после долго време тие добија во руските хуманитарни центри вода, храна и медицинска помош.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче