Захарова потсети на украинските информации против штабот на Трамп

Во текот на предизборната кампања во САД Пол Манафорт поради скандал ја напушти позицијата шеф на изборниот штаб на Доналд Трамп.

Украинското ширење на информациите дека Пол Манафорт, шефот на изборниот штаб на кандидатот за американски претседател Доналд Трамп, добил од украински олигарси 12,7 милиони долари ја отежна работата на штабот на републиканците, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова.

„Украина во најнезгоден момент многу ја отежна работата на изборниот штаб на Доналд Трамп со пласирање на информацијата дека шефот на штабот Пол Манафорт, наводно, добил пари од украински олигарси", рече Захарова, пренесува „Взгљад”.

Како што претходно изјави во интервју за украинскиот интернет портал „Огледало на неделата“ (Зеркало недели) шефот на Специјалното обвинителство за борба против корупцијата на Украина Назар Холодницки, украинските иследници сѐ уште не нашле основа врз која тие би можеле да му врачат обвинение на Манафорт.

Во текот на предизборната кампања во САД Пол Манафорт поради скандалот ја напушти позицијата шеф на изборниот штаб на Доналд Трамп.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња