Јацењук: Ве молиме, не напуштајте нѐ

Поранешниот премиер на Украина Арсениј Јацењук изјави дека украинскиот претседател Петро Порошенко „се однесува како тенк“ и додаде дека тие се непријатели.

„Видете, тој е паметен човек. Понекогаш... се однесува како тенк - само да се движи напред. Но секогаш треба да имате на ум дека некаде постои противтенковска ракета“, изјави Јацењук во интервју за „Вол Стрит Џурнал“.

Според зборовите на поранешниот премиер на Украина, тој и Порошенко се непријатели.

„Мојата порака до светските лидери е следново. Видете, ние сѐ уште си ја вршиме нашата работа. На Украина ѝ треба да биде во вашето гледно поле. Ние разбираме дека и вие исто така имате голем број на проблеми... Но, ве молиме, не напуштајте нѐ“, изјави Јацењук, додавајќи дека „Русија и САД биле, се и ќе бидат противници“.

Претходно Јацењук изрази надеж за продолжување на стратешкото партнерство на САД по изборот на Трамп.

Како што пишува изданието,  ставовите на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп за потребата од обнова на односите со Москва предизвикаа во Киев загриженост по повод степенот на поддршка на која ќе може да смета Украина, пренесува „Взгљад“.

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.