На Крим пристигаат нови „Бастиони“

Една дивизија со противбродски ракетни системи „Бастион“ ќе ги замени на Крим единиците кои во октомври беа распоредени во Сирија, изјави извор од одбранбените структури на полусотровот.

„Една дивизија со „Бастиони“ ќе пристигне денеска на полуостровот како замена за единицата која во октомври беше префрлена во Сирија. „Бастионите“ ќе бидат распоредени во две области на полуостровот“, изјави соговорникот на РИА „Новости“.

Тој објасни дека „Бастионите“ се мобилни системи кои постојано ќе ги менуваат местата на дислокација покрај западниот брег на Крим (Севастопол – Евпаторија) или на североистокот на полуостровот. Во октомври оваа година кримската единица со „Бастиони“ беше распоредена во Сирија според планот за зајакнување на безбедноста на руските сили во таа земја.

Русија претходно во октомври ја засили противбродската одбрана на Калининград со помош на крајбрежниот ракетен систем „Бастион”. Дострелот на суперсочничните ракети кои ги користи системот досега 200 милји и ја опфаќа територијата на Полска, Литванија и Латвија, како и на шведските острови Готланд и Еланд. Во вооружувањето на еден систем може да има до 36 ракети „Јахонт“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња