Путин нареди да се испратат мобилни болници во Алепо

Претседателот на Русија Владимир Путин им наложи на Министерството за одбрана и Министерството за вонредни состојби на Русија што е можно поскоро да испратат во Сирија мобилни болници за да им се даде медицинска помош на жителите на Алепо и околните места, изјави портпаролот на шефот на државата Дмитриј Песков.

„Претседателот им нареди на Министерството за одбрана и Министерството за вонредни состојби да испратат на подрачјето на сирискиот град Алепо мобилни болници за давање медицинска помош на жителите на градот и околните населени места“, изјави Песков, пренесува „Взгљад“.

Тој истакна дека Министерството за одбрана ќе префрли медицински одред за посебни намени со мулти-функционална болница за 100 легла со посебно детско терапевтско одделение. Дневниот капацитет на болницата за амбулантско лекување е за 420 души.

Исто така Министерството за вонредни состојби на Русија во Сирија ќе префрли мобилна болница со 50 легла за болничко лекување и можност за обезбедување на амбулантско лекување за 200 луѓе на ден.

„Претседателот наложи да се испратат болници и да се започне со обезбедување на целосна медицинска помош за сите жители на Алепо на кои им е потребна во најкус можен рок“, потенцираше Песков.

Претходно беше објавено дека територијата на источно Алепо, каде живеат повеќе од 90 илјади луѓе, до пладне во вторникот беше целосно ослободена од терористи.

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.