„Нешенел Џиографик“ ја смести Москва меѓу 7 најдобри дестинации за 2017

Експертите на „Нешенел Џиографик“ ја вклучија Москва во градовите кои вредат да бидат посетени од туристите, се соопштува на веб-сајтот на изданието.

Освен Кремљ и Црвениот плоштад, новинарите препорачуваат возење и со московското метро, посета на ВДНХ и Центарот за современа уметност „Винзавод“.

На листата се најдоа и корејскиот главен град Сеул, Енкориџ, Маракеш, Мадрид, Картахена и Хамбург, пренесува „Лента.ру“.

Во понеделникот, 28 ноември, британски „Гардијан“ наброја десет места во Москва, интересни за туристите  - ВДНХ, градските бањи, операта, ресторанот „Доктор Живаго“ и други.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња