Извор во Москва:Сириската армија ќе го ослободи Алепо до крајот на годината

Можно е ослободување на источниот дел на Алепо до крајот на годината, изјави извор во Москва.

Владините сили можат да го заземат источниот дел на Алепо веќе до крајот на годината и тој успех ќе има огромно морално значење, изјави информиран извор во Москва.

„Сѐ оди кон тоа. Од саботата е постигнат голем успех. Тоа ќе биде најсилниот удар врз вооружената опозиција последниве години“, ги пренесува неговите зборови „Взгљад“.

Претходно во понеделникот рускиот Центар за помирување на спротивставените страни во Сирија соопшти дека владините сили ослободиле од милитантите околу 40% од источниот дел на Алепо и дека под нивна контрола се наоѓаат 12 квартови.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња