Медиум: Зошто во САД се пребројуваат гласовите и врската на Русите со тоа?

Паѓа во очи дека пребројувањето го бараше аутсајдерот на изборите Стајн, и тоа дека лесно собрала околу 3 милиони долари за тој потфат, што значи дека зад неа стојат многу влијателни играчи, пишува порталот „На Линија“.

Аналитичарот на порталот „На Линија“ пишува за притисокот на американскиот естаблишмент врз Доналд Трамп преку повторното пребројување на гласовите од гласањето за претседател и медиумската врева. Тој ја споредува ситуацијата со опозициската акција од 2012 година на плоштадот Болотнаја во Москва.

Кандидатот на Партијата на зелените Џил Стајн собра средства и поднесе формално барање гласовите во државата Висконсин да бидат повторно пребројани. Таа изрази намера да ги преброи гласовите и во Мичиген и во Пенсилванија, пишува порталот „На Линија”.

Поентата е дека според последните податоци Трамп има 306 гласови, а за победа му се потребни 270 гласови. Ако се поништат неговите победи во сите три споменати држави, Трамп ќе има вкупно 260 гласови, а Клинтон, која сега има 232 гласа, ќе има 278.

Трамп изјави дека тој во суштина победил и според бројот на гласови, но дека милиони луѓе нелегално гласале за Хилари Клинтон.

Паѓа во очи дека пребројувањето го бараше аутсајдерот на изборите Стајн, и тоа дека лесно собрала околу 3 милиони долари за тој потфат, што значи дека зад неа стојат многу влијателни играчи.

Се проценува дека веројатно се работи за банален притисок врз Трамп од страна на американскиот естаблишмент, а со цел да се добие материјал за спогодување.

Русите оваа кампања би можела да ги потсети на настаните од пред пет години, во текот на кои „младите и енергични револуционери од плоштадот Болотнаја“ зборуваа за некаква „Гаусова крива која докажува фалсификување“.

Во случајот со кампањата на Стајн во САД приврзаниците исто така се потпираат на „математички податоци кои откриваат статистички аномалии во гласањето“. Со оглед на повеќемесечната обработка на масовната свест со информациите за руски хакери кои влијаат на американските избори, јасно е дека ова ќе влијае на приемчивиот дел од американската јавност, барем онолку колку што „Болотната револуција“ влијаеше на приемчивите Московјани. 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.