Медиум: германски политичари побараа нови санкции против Русија

Германски пратеници поднесоа барање до Бундестагот за нови санкции против Русија, пишува „Шпигел“.

Претседателот на Комисијата на Бундестагот за надворешна политика Норберт Ретген и пратеникот од партијата „Сојуз 90/Зелени“ Франциска Брантнер поднесоа барање до германскиот парламент за воведување нови санкции против Русија, пренесува „Шпигел“

Во рацете на новинарите се најде документ во кој Русија се обвинува за воени злосторства на територијата на Сириската Арапска Република. „Во прв ред, санкциите треба да ги погодат сторителите на овие грозоморни злосторства“, цитира изданието: „Тие летаат за Божиќ во Париз и Минхен, а во Сирија гинат жени и деца - тоа не смее да го има“.

„Да, санкциите делуваат бавно, но рускиот претседател треба да разбере колку ќе чинат неговите одлуки“, се вели во документот.

Попладнево, во интервју за агенцијата АФП Ретген исто така изјави дека германската влада ќе мора да се „поразговара“ со Франсоа Фијон, затоа што неговиот став спрема Москва не се совпаѓа со ставот на Германија. Ретген стравува дека Фијон може да инсистира на укинување на санкциите против Русија.

Економските санкции на ЕУ спрема Русија на Европската истекуваат на крајот на јануари 2017 година. 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.