Јункер изјави дека Обама згрешил во оцената за статусот на Русија

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави дека Русија претставува за Европската унија рамноправен партнер, а не „регионална држава“, како што претходно ја нарече претседателот на САД Барак Обама.

„Би сакал да водам дискусија со Русија на рамноправно ниво“, изјави Јункер во интервју за телевизијата „Еуроњуз“ и додаде дека оценката на американскиот претседател била голема грешка.

Според него, во Европа е невозможно да се изгради безбедносна структура без учество на Москва.

„Досега не видов никакви аргументи во полза на итното укинување на санкциите против Русија. Би сакал да имам договор со Русија кој излегува надвор од обичните рамки, имајќи предвид дека без Русија во Европа нема структура на безбедност“, истакна Јункер.

Претседателот на Европската комисија потенцираше дека спрема Русија треба има однос како спрема „голема структура и горда нација“. Според него, ЕУ треба да дознае уште многу нешта за „длабочината“ на Русија, затоа што унијата сѐ уште малку знае во однос на тоа.

Во март 2014 година по самитот за нуклеарна безбедност во Хаг Обама изјави дека Русија не е „прва закана за националната безбедност на САД“ и ја нарече земјата „регионална сила“, пишува РИА „Новости“.

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.