Обама на конференцијата за печатот со премиерот на Холандија, Марк Рит, доби прашање дали се согласува со републиканецот Мит Ромни, кој за време на претседателската кампања во 2012 година изјави дека Русија е најголемиот геополитички непријател на САД.
„Русија е регионална сила која е закана за некои од своите соседи поради своите слабости“, ги пренесува "Washington Times" зборовите на Обама.
Според зборовите на американскиот претседател, постапките на Русија се проблем, но не се примарен повод за загриженост во САД.
„Тие не се закана број еден за националната безбедност на Соединетите Американски Држави“. изјави Обама и додаде: „Мене и понатаму ме загрижува прашањето за безбедноста во врска со ширењето на нуклеарното вооружување“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче