Иран подготвен да ѝ ја отстапи на Русија базата во Хамадан

Доколку тоа го бараат ситуацијата и условите во Сирија, Иран е подготвен да ѝ ја даде базата на користење на Русија, изјави иранскиот министер за одбрана Хосеин Дехган.

Министерот за одбрана на Иран Хосеин Дехган изјави дека Техеран би можел повторно да ѝ ја отстапи на руските авиони авиобазата „Шахид Ноже“ во Хамадан, пренесува агенција „Тасним“.

„Доколку тоа го бараат ситуацијата и условите (во Сирија), доколку биде потребна поддршка, ние ќе го сториме тоа“, изјави Дехган, пренесува РИА „Новости”.

Покрај тоа, Дехган соопшти дека Министерството за одбрана на Иран ја разгледува можноста за набавка на руски ловци Су-30. Како што наведе министерот, набавката на ловци Су-30 веќе се наоѓа на агендата на иранскиот воен ресор, пренесува „Независимаја газета“.

 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.