Шегата на Путин за „Русија без граници“ ги исплаши западните медиуми

Англискиот весник „Дејли Меил“ истакнува дека шегата доаѓа во време на растечка напрегнатост меѓу Москва и НАТО.

Британскиот дневен весник „Дејли Меил“ сериозно ја прими шегата на претседателот на РФ Владимир Путин за тоа дека Русија нема граници.

„Дејли Меил“ истакнува дека Путин е пошегувал во време на растечки тензии меѓу Русија и Западот. Изданието исто така тврди дека во 2014 година Москва го „зазеде Крим“, испраќајќи на островот сили со цел да ги стават под своја контрола украинските бази и да се одржи референдум.

Покрај тоа, истакнува изданието, минатата година Грузија ја обвини Москва за „притаена анексија“ на нејзината територија, откако руските граничари ги поместија граничните камења во длабочина на територијата под контрола на грузиските власти.

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.