Путин на шега: Границите на Русија никаде не завршуваат

Претседателот на РФ Владимир Путин на церемонијата на врачување на наградите на Руското географско друштво се пошегува со „безграничноста“ на Русија.

Претседателот на Русија Владимир Путин на церемонијата на врачување на наградите на Руското географско друштво разговараше со две надарени деца и ги провери нивните знаења по географија, пренесува „Газета.ру“.

Деветгодишниот Мирослав и петгодишниот Тимофеј станаа популарни благодарение на учеството во телевизиски проекти во кои ги покажаа своите знаења од географија.

Тимофеј може според знамето да ја наведе земјата и нејзиниот главен град, а Мирослав може да ги каже државите или регионите според контурите на границите.

Путин го праша Мирослав каде завршуваат границите на Русија.

„Границите на Русија со САД завршуваат низ Беринговиот теснец“, одговори детето.

Но претседателот на Русија имаше поинаков одговор на тоа прашање.

„Границата на Русија никаде не завршува“, смеејќи се го поправи Путин. „Ова е шега“, додаде тој.

Путин го праша Тимофеј која земја го има за главен град Уагадугу. „Буркина Фасо“, одговори детето.

Шефот на руската држава им посака на децата успеси во иднина.

 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.