МО РФ со протест до Киев поради воведените зони за забрането летање

Министерството за одбрана на Русија изрази протест поради воведувањето од страна на Киев на незаконски ограничувања за користење на воздушниот простор над Црното море, соопшти рускиот одбранбен ресор.

„На 24 ноември 2016 година во Министерството за одбрана на Руската Федерација беше повикан аташето за одбранбени прашања на амбасадата на Украина во Руската Федерација за да му биде врачена воено-дипломатска нота. Во документот што му беше предаден е изразен протест на Министерството за одбрана на Русија во врска со воведувањето од украинска страна на незаконски ограничувања за користење на 1 и 2 декември 2016 година на воздушниот простор над акваторијата на Црното море западно од крајбрежјето на Кримскиот полуостров за „реализација на ракетни гаѓања“, го пренесува „Взгљад“ соопштението на МО РФ.

Како што изјавија од министерството, прогласените од страна на Киев југоисточни граници на опасната зона за ракетни гаѓања ги нарушуваат границите на територијалните води на Русија и меѓународното право.

Претходно, „Росавијација“ соопшти дека Русија упатила до Киев барање за итен прекин на дејствата поврзани со плановите за ракетни гаѓања во воздушниот простор на Крим.

Во петокот, портпаролот на „Росавијација“ Сергеј Извољски изјави дека Русија ќе ги забрани летовите на подрачјето на Крим, доколку Украина не ја повлече одлуката за реализација на ракетни гаѓања над полуостровот.

Исто така, „Росавијација“ изјави дека ќе бара од украинската страна повлекување на објавата за забранети зони.

Претходно беше соопштено дека, прекршувајќи ги сите меѓународни спогодби, Украина унилатерално донела одлука за реализација на ракетни гаѓања во суверениот воздушен простор на Русија на подрачјето на информациите за летање „Симферопол“.

„Росавијација“ побара од украинската страна „итно повлекување на објавените известувања“, сметајќи ги за „недозволиви обидите за воспоставување забранети зони во суверениот воздушен простор на Руската Федерација“.

Симферополското подрачје на информации за летање (URFV) го вклучува во себе целиот Крим, значителен дел од Црното и Азовското море, како и јужната територија на Украина.

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.