Медиум: Русија распоредува глобален поморски систем за следење

Се очекува системот за следење „Хармонија“ да проработи не подоцна од 2020 година.

Министерството за одбрана на Русија почна со распоредување уникатен систем за хидроакустично следење, пишува весникот „Известија“.

Разработката на руските стручњаци е способна да ги направи „провидни“ сите области на светските води, откривајќи подморници и бродови, како и хеликоптери и авиони во низок лет.

Основата на системот, кој ја доби ознаката „Хармонија“, ја прават роботизирани автономни станици кои тајно се инсталираат на морското дно со посебни подморници, соопштува изданието, повикувајќи се на слободни извори. Информациите од распоредените станици со хидролокаторски антени се испраќаат до командниот центар преку сателити.

Неколку станици се комбинираат во обединета мрежа, способна да ја набљудува подводната и надводната состојба на површина од стотици километри.

Според експертите, одделни елементи на системот се веќе во функција, а „Хармонија“ целосно ќе проработи не подоцна од 2020 година, пишува весникот.

 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.