Извор: Атина не го послуша Обама за руските бродови во грчките пристаништа

Бродовите на Воената морнарица на Русија можат да се снабдуваат во грчките пристаништа, изјави извор во Министерството за национална одбрана на Грција.

Атина има намера да води суверена политика во односите со Москва и руската флота може да се снабдува во грчките пристаништа, изјави за РИА „Новости“ извор во Министерството за национална одбрана на Русија.

Тој потенцираше дека за Атина е неприфатлив каков било притисок во однос на прашањето за снабдување на руските бродови. „Сите разговори за тоа се прекинати“, додаде соговорникот на агенцијата.

Позицијата на министерот за национална одбрана на Грција во однос на Русија е јасна – Русија не е наш противник, Русија е наш сојузник. Наши противници се „Исламската држава“ и терористичките организации. Никој друг“, изјави изворот.

На прашањето дали претседателот на САД Барак Обама го покренал ова прашање во текот на неговата посета на Грција, изворот одговори потврдно, но изјави дека „немаше притисок“.

„Дури и да сакаше Обама да изврши притисок, ние за тоа немаше да дискутираме“.

 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.