Претседателот на САД Барак Обама во текот на својата посета на Атина ќе побара од премиерот на Грција Алексис Ципрас да ги затвори своите пристаништа за бродовите на руската морнарица, да гласа за нови санкции против Русија и да го укине „незаконското“ вето на пристапувањето на Република Македонија во НАТО, се вели во статијата на сајтот militaire.gr, кој обработува прашања со воена тематика и политика.
„Целите на ненадејната посета на Грција ги утврди за претседателот Обама во заминување Фондацијата „Херитиџ“, фондацијата-тврдина на воинствените „неоконзервативни“ раководители на американската надворешна политика во Вашингтон и платформа за пополнување на министерските позиции“, пишува сајтот, повикувајќи се на статијата на службениците во Фондацијата Лук Кофи и Даниел Кочис.
Тие бараат три работи од Обама за време на неговата посета на Грција, се вели во написот на сајтот.
„Прво - да изврши притисок врз Грција таа да гласа за продолжување на европските санкции против Русија, кога во декември предлогот ќе биде ставен на гласање во ЕУ“, се вели во статијата.
„Второ - Грција да истапи против пристапот на руските воени бродови во грчките пристаништа. Додека Крим останува под незаконска окупација на Русија и Русија продолжува да го поддржува сирискиот диктатор Асад, претседателот Обама треба сосема јасно да објасни дека грчката поддршка на руската флота е апсолутно несоодветна за сојузник во НАТО. Потребно е да им препорача на Грците да го следат последниот пример на Шпанија и да ги откажат идни посети на руската флота“, се вели во статијата.
Како трето, фондацијата бара „да го поддржи случајот „Македонија“.
Во написот се вели дека упорната позиција на Грција поради името на соседната република „ја става во опасност политиката на отворени врати на НАТО. „Грција треба да ѝ дозволи на Македонија да влезе во НАТО, како што е предвидено со Времената спогодба од 1995 година“, се вели во статијата.
Грчката влада очекува за време на посетата на Обама на 15-16 ноември да добие поддршка од САД за олеснување на државниот долг кој изнесува околу 320 милијарди евра, пишува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче