Захарова ја објасни специфичноста на Русија

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија ја коментираше на „Фејсбук“ веста дека рускиот противподморнички брод на Северната флота „Вицеадмирал Кулаков“ помогнал на украински рибарски брод во Средоземното море.

„Странците често ме прашуваат што е суштината, специфичноста на Русија. Еве што е: пред два дена специјалните служби на Украина незаконски киднапираа двајца рски војници, а денес руските војници спасуваат украински морнари“, напиша Захарова на својот профил на „Фејсбук“.

Министерството за одбрана на Русија во средата соопшти дека рускиот противподморнички брод „Вицеадмирал Кулаков“ добил сигнал дека украински рибарски брод се наоѓа во неволја во Средоземното море. На бродот имало седум членови на екипажот. Група руски морнари и лекари се истоварила на украинскиот брод и им укажала на повредените медицинска помош.

Според информациите на министерството, украинскиот брод имал дефект и два дена плутал на отворено море, пренесува „Взгљад“.

 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.