Во понеделникот Министерството за одбрана на Русија соопшти за грабнување на двајца руски војници. Според податоците на рускиот одбранбен ресор, припадници на Службата за безбедност на Украина незаконски ги задржале војниците Максим Одинцов и Александар Баранов.
„Украинските специјални служби се обидуваат да конструираат против Баранов и Одинцов кривична постапка, обвинувајќи ги за наводно вршење злосторства против Украина. Руското Министерство за одбрана не ја исклучува можноста дека со цел добивање на „потребните“ признанија руските државјани да бидат подложени на психолошки и физички притисок“.
Министерството за одбрана на РФ ги нарече дејствијата на Службата за безбедност на Украина „уште една груба провокација“ и бара неодложно враќање на руските војници.
На граничниот премин „Џанкој“ припадниците на СБУ преку посредник ги натерале заставникот Максим Евгеневич Одинцов и помладиот поручник Александар Вјачеславович Баранов заради наводно предавање на документи за стекнато високо образование во Украина да преминат на украинска територија, пренесе претставник на Црноморската флота. Како што рече изворот, штом ја напуштиле територијата на Крим, припадниците на СБУ ги однеле војниците во Николаевската област на Украина, пренесува агенцијата РИА „Новости“.
Портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков на прашањето дали има значење тоа што киднапираните се поранешни украински војници нагласи:
„Тие се државјани на Руската Федерација. Тоа е сега најважно“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче