Столтенберг ја повика Русија посмирено да гледа на проширувањето на НАТО

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави во четвртокот дека не се согласува со позицијата на Москва која го смета процесот на проширување на Алијансата за провокација.

„Не, не разбирам кога Русија изразува мислење дека проширувањето на НАТО во Централна и Источна Европа е провокација“, изјави тој држејќи предавање на универзитетот Оксфорд.

Столтенберг потсети дека секоја земја сама го избира својот пат.

„Значи, НАТО не е оној кој се проширува, туку Полска, Естонија, Латвија, Литванија и Унгарија самите изразија желба да ѝ се приклучат на Алијансата“, објасни генералниот секретар.

Тој потенцираше дека ниту РФ, ниту другите земји немаат право да ја решаваат судбината на соседните држави.

„Русија би требало да се опушти и да го прифати фактот дека соседите сами можат да си го одберат патот“, изјави Столтенберг, пренесува „Интерфакс“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња