„Ние разбираме дека Русија има право да одржува воени вежби на своите конвенционални и нуклеарни сили на своја територија“, изјави Кирби, пренесува „Взгљад“.
Сепак, од гледна точка на Кирби „распоредувањето на ракетите „Искандер“ и С-400 во Калининград има дестабилизирачко влијание врз европската безбедност“.
Според него, „Русија се закануваше дека ќе распореди ракети „Искандер“ во Калининград во текот на изминатата деценија како одговор на одреден развој на настаните во Европа“. Притоа „ниту една“ варијанта на таквиот развој на настаните не бара „таков воен одговор“, смета американскиот дипломат.
„Ја повикуваме Русија да се воздржи од зборови и дела кои не придонесуваат за целта за унапредување на безбедноста и стабилноста во евроатлантскиот регион“, додаде Кирби.
Кирби беше замолен да ги коментира информациите на рускиот печат за распоредувањето на ракетниот систем „Бастион“ во Калининград. Сепак, како одговор портпаролот на Стејт департментот ја прочита изјавата која се однесуваше на ракетните системи „Искандер“ и С-400. „Бастион“ тој не го спомена.
Претходно беше објавено дека руските сили во Калининград се зајакнати со крајбрежниот ракетен систем „Бастион“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче