Рејтингот на Путин највисок по 2008 година

86% од Русите ја одобруваат работата на претседателот Путин, соопшти „Левада-центарот“.

Работата на претседателот на Русија Владимир Путин како претседател ја одобруваат 86% од Русите, вели последната анкета на „Левада-центарот“.

Не ја одобруваат работата на Путин 14% од населението.

Рејтингот на одобрување на работата на претседателот, на тој начин, го постигна коефициентот од 2008 година, кога од неговата работа беа задоволни исто така 86%. Во 2012 година овој показател беше на нивото на 63%.

Покрај тоа, се зголеми  бројот на оние кои ја одобруваат работата на премерот на Русија Дмитриј Медведев –  од 48 % во октомври, на 52% во ноември.

50% од анкетираните ја одобруваат работата на владата, додека 49% не ја одобруваат, пренесува „Газета.ру“.

 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.