Путин кажа кои се позитивните аспекти на работата на претседателот

Пријатните моменти во работата на претседателот на Русија по ништо не се разликуваат од позитивните страни на работниците во фабриките, одговори претседателот на Русија Владимир Путин на прашањето на работниците во фабриката „Автодизел“ во Јарослављ за позитивните и негативните аспекти на својата работа.

„Ако зборуваме сериозно, најпозитивната страна на мојата работа по ништо не се разликува од позитивната страна на вашата – кога гледате дека таа носи задоволство и ги постигнувате поставените цели и задачи, правите нешто важно, потребно, добро дело, тоа ви користи и вам, и на оној поради кој работите – тоа е најголемото задоволство, најголема сатисфакција од добиените резултати“, изјави Путин, пренесува РИА „Новости“.

Зборувајќи за негативните страни на работата, Путин истакна дека има многу негативни емоции и дека „не може ништо да се направи“.

„Но, и во вашата работа веројатно е истото: кога нешто не ви оди или некој ве изневерува, или се судирате со други непредвидливи околности.Но, токму во тоа е убавината на нашата и ваша работа – што сме во состојба да ги совладаме тие потешкотии и да го постигнеме посакуваниот резултат“, заклучи рускиот претседател.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња