Песков: односите меѓу Русија и САД се на дното

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Москва сака да изгради добри односи со САД.

„Сакам да ве потсетам на зборовите на претседателот Путин, тој повеќе пати и по различни поводи зборуваше за желбата за изградба на добри, заемно поволни и еднакви односи со САД“, изјави Песков, пренесува „Газета.ру“.

Според него, во моментов „нивото на нашите билатерални односи (со САД) остава простор за подобро“.

„Не верувам дека може нешто да се расипе во тие односи. Тие се наоѓаат сосем на дното, но, несомнено, сметаме на тоа дека дијалогот ќе биде обновен и ќе почне сложен, и јасно е дена нема да биде брз, процес на поставување на односите во конструктивен колосек“, додаде Песков.

Притоа тој изјави дека „може да се согласи“ со оценките на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп дека новиот формат на односите со Москва задолжително ќе биде ресетиран.

„Што се однесува до зборот „ресетирање на односите“, веројатно, навистина, овде може да се согласам со новоизбраниот претседател: зборот навистина малку се искомпромитира себеси, зашто последиците од тоа ресетирање навистина не се такви, какви што би сакале да ги видиме. Терминот во наведениот случај нема никакво значење, најважно е да се има желба и да се покаже подготвеност да се оди на нормализација на односите“, изјави портпаролот Песков.

 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.