Медиум: Трамп би сакал добри односи со Путин

Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп сака добра соработка со Русија, но тоа да не се смета за „ресетирање“ на односите.

Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп изјави дека би сакал да воспостави добри односи со рускиот лидер Владимир Путин, но не ја поддржува идејата за „ресетирање“ на односите меѓу земјите, соопштува весникот „Њујорк Тајмс“.

Како што истакнува изданието, на средбата со новинари Трамп раскажал дека разговарал со Путин по победата на изборите, но одби да открие детали од разговорот.

„Тој (Трамп) реч дека би било супер доколку тој и Путин би воспоставиле добри односи. Меѓутоа, тој ја отфрли идејата за какво било затоплување на односите кое би се нарекувало „ресетирање“, пишува весникот.

„Не би сакал да го искористам тој термин после сѐ што се случи“, ги цитира „Њујорк Тајмс“ зборовите на Трамп.

Весникот пишува дека Трамп само во генерални црти се осврнал на прашања од надворешната политика. На пример, тој соопштил за потребата да прекине „безумието кое се случува сега во Сирија“.

Терминот „ресетирање“ во руско-американските односи се појави во текот на првиот претседателски мандат на Барак Обама. Тогаш Обама и државниот секретар Хилари Клинтон зборуваа за потребата од подобрување на соработката со Москва.

Во 2009 година Клинтон и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров заедно притиснаа симболично копче кое го симболизираше „ресетирањето“. Резултат од „ресетирањето“ беа, на пример, договорот за намалување на нуклеарното вооружување и договорот за транзит на воени товари на НАТО во Авганистан преку Русија.

Во февруари оваа година премиерот на Русија Дмитриј Медведев изјави дека доколку има ресетирање на односите меѓу Русија и САД, тоа е можно единствено врз принципиелно нова, рамноправна, фер и мирна основа, пишува РИА „Новости“.

 

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.