МО РФ: „Вестите на независните сириски медиуми“ ги спонзорира Британија

Портпаролот на руското Министерство за одбрана, потпирајќи се на податоците од официјалниот извештај на британската влада, изјави дека земјата ги спонзорира „независните медиуми“ во Сирија кои подоцна јавуваат за бомбардирања на болници кои наводно ги вршат ВКС РФ.

Велика Британија ги спонзорира „независните сириски медиуми“ кои известуваат за наводни бомбардирања на болници во Сирија од страна на руските Воздушно-космички сили, изјави генерал-мајор Игор Конашенков потпирајќи се на податоците од официјалниот извештај на британската влада.

„Изнесувајќи тврдења за „бомбардирани“ болници и мобилни клиники во Сирија, западните политичари не се повикуваат на проверени информации, туку на „Белите шлемови“ или локални анонимни „новинари“ („активисти“)“, нагласи Конашенков. 

„По тој повод, привлекува  внимание официјалниот извештај на британската влада „Нехуманитарната помош на Велика Британија во Сирија од 2012-2015 година“. Во документот директно е наведено дека „Белите Шлемови“ добиле од британската влада 15 милиони фунти. Уште дополнителни 5,3 милиони фунти добиле некои други „медиуми“, рече Конашенов, пренесува порталот „Взгљад“. 

Портпаролот на рускиот воен ресор истакна дека во извештајот се вели и дека: „Проектите кои се финансирани од страна на Велика Британија се во насока на создавање на мрежа на независни медиуми во цела Сирија. Нивната функција е на „Фејсбук“ и „Твитер“ да јавуваат за напади со хемиско оружје од страна на режимот во Гута, како и оперативно да ги доставуваат информациите добиени од локалните жители и „Белите шлемови“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња