МНР РФ загрижено од плановите на Хрватска да ѝ пренесе искуство на Украина

Формирање на работна група за соработка помеѓу Хрватска и Украина, која ќе вклучува и пренесување на Киев на хрватското искуство во „мирна реинтеграција на окупираните територии“ предизвикува сериозна загриженост, се вели во коментарот на Министерството за надворешни работи на Русија.

„Нова паралелна структура, во најмала рака, ќе го одвлекува вниманието на киевските власти од и онака веќе застанатата работа за сеопфатна имплементација на своите обврски во рамките на „Минската спогодба“. Последново е – и тоа е повеќепати потврдено во „Нормандискиот формат“ – безалтернативна основа за регулирање на внатрешната украинска криза“, се вели во соопштението на сајтот на МНР РФ.

МНР исто така го поставува прашањето за намерата на Загреб да ја сподели со Киев „сопствената работа во сферата на градење на мирот“.

„Уште повеќе што тоа е најавено по договорот за активирање на хрватскот-украинската воено-техничка соработка. Добро познато е колку жртви и присилен егзодус од Хрватска на околу 250 илјади Срби кои живееја таму чинеа големите воени операции „Молња“ и „Бура“ во 1995 година. Убедени сме дека советите на странските „консултанти“, кои можат да создадат кај киевските власти опасна илузија за можност за насилни сценарија во Донбас, воопшто нема да придонесат за зајакнување на безбедноста на југоистокот на Украина“, се вели во соопштението што го пренесува „Взгљад“.

Се истакнува дека споменувањето на прашањето за Крим во агендата на хрватската работна група  е „потполно апсурдно“.  

„Обединувањето на Република Крим и Севастопол со Руската Федерација се одржа на основа на слободно и легитимно изразување на волјата на Кримјаните. Ова прашање е затворено. Го повикуваме Загреб, наместо со бесперспективни размислувања во врска со ова поактивно да се зафати со решавање на хроничните внатрешни проблеми поврзани со правата на Србите и другите национални малцинства во Хрватска“, истакнува МНР РФ.

Уште на почетокот на септември 2014 година, во тоа време советник на претседателот на Украина Петро Порошенко, а сега државен обвинител на земјата, Јуриј Луценко изјави дека за победа над „сепаратистите“ од Донбас, киевските власти можат да го искористат искуството на Хрватска, која на времето ја уништи самопрогласената Република Српска Краина во текот на борбените операции.

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.