Саакашвили подготвува нова револуција во Украина?

Ројтерс
Поранешниот претседател на Грузија, во чиј мандат во 2008 година Грузија учествуваше во воениот конфликт со Русија и кој до неодамна беше губернатор на еден од украинските региони, стапи во конфликт со своите украински соработници. Тој го обвинува претседателот Петро Порошенко за попуштање во корупцијата во Украина и сака да го заземе неговото место, пишуваат руските медиуми.

Поранешниот претседател на Грузија и поранешен прв човек на Одеската областна администрација Михаил Саакашвили изјави дека заедно со своите соработници е подготвен да ја поправи „историската грешка“ која беше допуштена по украинските револуции во 2004 и во 2014 година, кога победничките сили „не можеле во целост да ја заменат елитата“, пишува Комерсант.

Според изданието, господин Саакашвили изјавил дека по оставката на местото губернатор тој добил „инспирација“ и подготвен е да помогне во целосна промена на украинската елита со истите методи со кои се користел по грузиската револуција од 2003 година. На директното прашање на новинарот за тоа дали подготвува нова револуција во Украина, Михаил Саакашвили одговорил: „Ќе видиме, времето ќе покаже, сè зависи од ситуацијата“. Потоа додал: „Народот тука е излажан и бесен“.

За смената на елитите

На овој фон Саакашвили најави создавање сопствена политичка партија и соопшти дека има намера да побара предвремени парламентари избори, пишува Lenta.ru.

„Наша цел е смена на таканаречената политичка елита, односно на крадците и на маргиналците кои ја контролираат Радата, на кабинетот на министри и на целата гранка на власт во Украина. Наша цел се предвремени парламентарни избори колку што е можно поскоро“, го цитира Саакашвили изданието.

Давајќи основа за своето право да влијае врз судбината на Украина, Михаил Саакашвили потсети дека заедно со Вјачеслав Черновил (еден од основачите на партијата Народно движење на Украина) бил на браниците на независноста на државата, па дури и гласал за независност на сеукраинскиот референдум на 1 декември 1991 година. А, во портокаловата револуција од 2004 година непосредно учествувал, со тоа што „во точки им објаснил“ на лидерите на тогашните протести Виктор Јушченко и Јулија Тимошенко „што и како да прават“. „Тогаш моја врска со нив беше Порошенко“, пишува Комерсант, цитирајќи го Саакашвили.

Последното обвинување на Саакашвили кон Порошенко и неговиот тим се слушна во колумната која политичарот ја напиша специјално за Њујорк Тајмс на 16 ноември 2016 година.

Државјанство

Освен за прогледувањето низ прсти за корупцијата во земјата, Саакашвили го обвини лично Петро Порошенко за плановите да му биде одземено украинското државјанство кое му било дадено во мај 2015 година, со цел тој да застане на чело на украинската област во која владеат немири.

Саакашвили изјави дека претседателот на Украина Петро Порошенко за наводна намера за одземање на неговото украинско државјанство. Ова Саакашвили го напиша на својот профил на Фејсбук, повикувајќи се на „многу добро информирани избори“, пишува Lenta.ru.

Претходно пратеникот на Врховната Рада од „Опозицискиот блок“ Вадим Рабинович се обрати до Јавното обвинителство и до МВР на Украина со барање да се разгледа прашањето за екстрадиција на поранешниот губернатор на Одеската област Михаил Саакашвили во Грузија, пишува Lenta.ru.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња