Медиум: Неочекуваната победа на Трамп е истовремено и победа на Путин

Во Германија Путин би сакал да се ослободи од уште една жена, а тоа е Ангела Меркел, тврди аналитичар на германскиот весник „Ди Велт“.

Неочекуваната победа на Трамп истовремено е и победа на Путин, пишува главниот коментатор на германскиот весник „Ди Велт“ Торстен Крауел.

„Путин доби американска власт каква што сакаше“, пишува Крауел.

Благодарение на „ВикиЛикс“ и руските хакери, убедено е раководството на американските демократи, Путин го затвори прозорецот кој Хилари Клинтон сакаше да го отвори за американските жени. Сега се на ред Франција и Германија, се вели во текстот.

Во Германија Путин би сакал да се ослободи од уште една жена, а тоа е Ангела Меркел.  

Путин сега може да биде сигурен дека Белата куќа нема да го спречува ако се обиде малку да влијае на внатрешната политичка ситуација во Париз и Берлин, смета германскиот аналитичар.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња