Песков: Москва бара реципроцитет од САД за реанимација на односите

Москва е подготвена за реанимација на соработката со Вашингтон толку, колку што властите во САД се подготвени да ги издигнат односите меѓу земјите на ново ниво, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

„Толку, колку што нашите партнери во Вашингтон ќе бидат подготвени да се зафатат со заживување на нашите односи и издигнување на односите во режим на заемноповолен дијалог, дијалог, во текот на кој ќе се земаат предвид заемните интереси“, изјави портпаролот на Кремљ, одговарајќи на прашањето за можноста од ново „ресетирање“ по изборите во САД.

Според Песков, Владимир Путин повеќепати има кажано дека Русија е заинтересирана за соработка со САД.

„Ние ќе бидеме подготвени да напредуваме толку во развојот и обновата на тие односи колку што ќе бидат подготвени нашите американски партнери“, потенцираше портпаролот на шефот на руската држава.

Одговарајќи на прашњето кој треба да го направи првиот чекор во обновата на односите, Песков истакна дека „тука е важно да се има политичка волја“, пренесува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња