„Можете да видите дека Кремљ има своја агенда. Ние внимателно се занимаваме со неа, тоа е најважно. Несомнено, изборите за претседател на САД се важен настан, кој ние, се разбира, го следиме заедно со другите меѓународни настани“, изјави тој, одговарајќи на прашањето колку внимателно ги следи Кремљ изборите во САД, пренесува РИА „Новости“.
Песков одби да одговори на прашањето дали Москва е подготвена безусловно да ги признае резултатите од изборите во САД.
„Би ги оставил таквите прашања апсолутно без коментар. Би било неразумно да ги коментирам засега неодржаните избори – тие сѐ уште не се завршени, штотуку почнаа. Ајде да почекаме да се одржат, да поминат, потоа веќе ќе може нешто да се каже“, рече Песков, одговарајќи на прашањето дали постои загриженост во Кремљ во однос на транспарентноста на изборите.
Денеска, 8 ноември, во САД се одржуваат претседателски избори. Кандидати се кандидатот на Демократската партија Хилари Клинтон и републиканецот Доналд Трамп. Исто така се одржуваат и избори за Конгресот и локалните органи на власта.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче