Захарова: ФБИ вршеше притисок врз руските дипломати пред изборите

Портпаролот на руското МНР Марија Захарова напиша дека американското ФБИ вршело отворен притисок врз руски дипломати пред претседателските избори во САД.

Федералното биро за истраги (ФБИ) на САД вршеше директен притисок врз руските дипломати „за да им забрани да се доближат до гласачките места“ на претседателските избори на 8 ноември. Ова на својот профил на „Фејсбук“ го напиша во понеделникот портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова.

„Дојде до отворено заплашување на службениците на дипломатските мисии. Така, Стејт департментот со нота им препорача на руските претставници „самостојно да не се приближуваат до гласачките места“, а властите на некои држави отидоа уште подалеку и им се заканија со кривичен прогон/ Односно, не смеат да ја погледнат дури ни процедурата на гласање“, соопшти Захарова.

Таа исто така додаде дека во последно време Вашингтон „во сѐ ја гледа раката на Москва“.

Изборите за претседател на САД ќе се одржат во вторник, 8 ноември, пренесува „Лента.ру“.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња