Столтенберг: Русија не е закана за земјите од НАТО

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјаи дека Русија не е закана за било која од земјите на Алијансата.

Русија не претставува закана за сојузниците во НАТО, а Северноатлантската алијанса се стреми кон поголемо партнерство со РФ, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во интервју за „Дојче Веле“.

„Ние не гледаме непосредна закана од страна на Русија во однос на било кој сојузник во НАТО“, изјави Столтенберг. Тој истакна дека не може да се зборува за нова „студена војна“ – делумно поради тоа што во моментов не постојат два воени блока кои се спротивставуваат еден на друг, како што тоа беше случајот со земјите од Варшавскиот договор и НАТО.

„Ние вложуваме напори за поконструктивно партнерство со Русија, затоа што Русија е наш сосед“, додаде генералниот секретар на НАТО.

Притоа Столтенберг истакна дека Алијансата ја зголемила колективната одбрана од ерата на „студената војна“, го зголемила тројно бројот на силите за брза реакција до 40 илјади луѓе и формирала здружени сили кои можат да бидат распоредени во најкраток рок, а исто така и потсети на распоредувањето на баталјоните во земјите на Балтичкиот регион и Полска.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња