Песков: Заканите на САД за кибер-напади се без преседан

Потпретседателот на САД Џо Бајден претходно изјави дека Вашингтон во „потребно време“ и со најголем ефект ќе одговори на кибер-нападите за кои администрацијата на САД ја обвинува Москва.

Непредвидливоста и агресивноста на САД растат, заканите за кибер-напади против Русија се без преседан, изјави за РИА „Новости“ портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков коментирајќи ги изјавите на Вашингтон.

„Ќе преземеме мерки на претпазливост. Работата е во тоа што расте непредвидливоста и агресивноста на САД, таквите закани на адреса на Москва и на адреса на нашето раководство се без преседан, затоа што таа закана се слуша на ниво на потпретседател на САД и, се разбира, поради таквата агресивна линија, непредвидлива линија, ние ќе мораме да преземеме мерки за заштита на интересите, некако да ги намалиме нашите ризици“, изјави Песков.

Според него, таквата непредвидливост е опасна за целиот свет.

Претходно помошникот на претседателот на Русија Јуриј Ушаков изјави дека изјавите за можни кибер-напади се граничат со непристојност и истакна дека по нив ќе следи реакција.

Потпретседателот на САД Џо Бајден претходно изјави дека Вашингтон во „потребно време“ и со најголем ефект ќе одговори на кибер-нападите за кои администрацијата на САД ја обвинува Москва. Истовремено телевизијата Ен-Би-Си, повикувајќи се на извори во разузнавањето, соопшти дека ЦИА подготвува кибер-напад врз Русија чија цел е руското раководство.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња