НАТО реши да ѝ одговори на Москва, која „шири митови за агресијата на Алијансата“, и со помош на „факти“ да ги дискредитира главните заблуди за своите намери, пишува германски „Ди Велт“ повикувајќи се на документ, објавен на сајтот на Северноатлантската алијанса.
Првиот „мит“ се базира на верувањето дека Северноатлантската алијанса ја исполнила својата мисија со завршувањето на Студената војна. Според авторите на документот, денес светот стана многу поопасен, при што во голема мера поради постапките на Русија, што значи дека улогата на Алијансата во светот е поважна од кога било досега.
Според вториот „мит“, НАТО се обидува да ја опколи Русија. Сепак, НАТО учествува во само три операции надвор од територијата на Алијансата, додека Русија „го зголемува воениот потенцијал на своите западни граници“, со самото тоа опколувајќи ги сојузниците на пактот, истакнуваат експертите.
Анализирајќи го третиот „мит“ кој вели дека НАТО ги прекршило постојните договори со Москва, авторите на документот тврдат дека ситуацијата е всушност сосема спротивна и баталјоните во балтичките земји и Полска не може да се сметаат за „значителна сила“, за разлика од руските трупи стационирани во Грузија, Украина и Молдавија.
Како четврти „мит“ во документот се наведуваат изјавите на Москва дека антиракетниот систем е насочен против Русија. Експерти го сметаат за контра-аргумент фактот дека НАТО нема можност да ги запре руските интерконтинентални ракети, а системите на Алијансата, според нивното мислење, се наменети само за заштита на населението.
Конечно, петтиот „мит“, според авторите, е дека НАТО се подготвува за војна со Русија. Земјите од пактот не бараат конфронтација со Москва, тврди Алијансата, а сите дејствија кои Русија ги смета за директна закана, на пример, плановите за распоредување војници во Источна Европа, ги нарекува ништо повеќе од одговор на „промените во сферата на безбедноста“, кои се директно поврзани со постапките на Москва.
НАТО останува отворен за дијалог со Русија, но во иднина, со оглед на моменталната ситуација во однос на безбедноста, „ќе се фокусира на одвраќање и обезбедување заштита“, се вели во документот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче