Русија во ООН со листа на воени злосторства на САД и коалицијата во Сирија

Авионите на коалицијата предводена од САД од октомври 2015 година во Сирија вршеле напади врз цивилната инфраструктура и здравствените установи, што резултирало со масовна смрт на цивили, се вели во „Листата на воени злосторства на САД и нивните сојузници во Сирија“, презентиран од страна на постојаниот претставник на Русија во канцеларијата на ООН во Женева.

Во документот, на пример, се наведува дека на 10 октомври 2015 година во реонот на Алепо при воздушен напад на коалицијата предводена од САД била срушена термоцентрала. Како резултат на нападот било запрено снабдувањето со електрична енергија во речиси сите реони на градот, многу од социјалните институции останале без електрична енергија, вклучувајќи и болници. На 6 декември 2015 година военото воздухопловство на коалицијата извршиле воздушен удар врз складиште за муниција на сириските владини трупи во провинцијата Деир ез Зор на истокот на земјата. Како резултат на нападот четири владини војници загинале, а 16 биле повредени.

Бомбардирање на коалицијата предводена од САД имало и врз болници. Така, на 15 февруари 2016 коалицијата извршила воздушен напад врз болница на организацијата „Лекари без граници“ во близина на селото Маарет ен Нууман. Како резултат на нападот, девет лица загинале, а 26 биле ранети. А воздушен напад на коалицијата предводена од САД врз населеното место Тавхар во провинцијата Алепо на 19 јули довел до загинување на 125 цивили и уништување на неколку станбени објекти. Исто така, на 29 јули коалицијата на САД го бомбардирала селото Ел Гандур, кое се наоѓа 23 километри од сирискиот град Манбиџ. Загинале 41 цивил, уништени биле неколку куќи.

Уште 20 цивили, меѓу кои и три деца, загинаа во Сирија при воздушните напади на коалицијата на САД на 5 октомври. Во бомбардирањето на селото Сулсана во провинцијата Алепо беа повредени уште 40 цивили.

Во „Листата“ во исто време се наведени и мапи на местата кои биле изложени на воздушните напади од страна на коалицијата предводена од САД.

Одделно се дадени и воените злосторства на терористичките организации и групи во Сирија. Оваа листа, покрај злосторствата на „Исламската држава“ и „Џебхат ан Нусра“, се наведени и делата на протурската формација „Нуредин аз Зинки“ која, според Москва, е поддржана од САД и Франција и е вклучена во проамериканската листа на „умерената опозиција“, пренесува РИА „Новости“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња