Чуркин: Извештајот за договорот за Сирија ќе покаже „кој е кој“

Русија во Советот за безбедност на ОН достави јасна табеларна компаративна анализа на исполнувањата на руско-американскиот договр за Сирија, затоа што сака да даде објективна слика за случувањата во таа земја, изјави постојаниот претставник на РФ во ООН Виталиј Чуркин.

Документот објавен на официјалниот сајт на рускиот дипломатски ресор Чуркин го опиша како многу важен. „Би сакале да имаме објективна слика за случувањата. Доколку имаме таква објективна слика, мислам дека тогаш обидите за изнаоѓање начини за напредок ќе бидат поедноставни“, рече тој.

Чуркин додаде дека извештајот што Русија го подготвила овозможува да се дојде до заклучок „кој е кој“ во решавањето на сириското прашање.

Од руската мисија при ООН претходно беше соопштено дека компаративната анализа е поднесена во вид на официјален документ до Советот за безбедност на ОН. Од МНР РФ е нагласено дека во документот се јасно прикажани резултатите од ангажирањето на Русија, насочени кон мирно решавање на кризата во Сирија и борбата против меѓународниот тероризам. 

Документот содржи две тематски табеларни секции, првата се однесува на заедничката изјава на Русија и САД за прекин на борбените дејствија во Сирија од 22 февруари 2016 година, а втората на Договорот меѓу Русија и САД од 9 септември оваа година. Во табелите се таксативно наведени преземените обврски, што во одделни случаи е преземено или не е преземено, како и резултатите од активностите.

Што се работи до септемврискиот договор, во извештајот меѓу другото се нагласува дека ВКС РФ еднострано го продолжиле бомбардирањето на објектите на „Џебхат ан Нусра“ и ИД. Во исто време американската авијација не вршеше напади врз објектите на „Џебхат ан Нусра“, додека врз објектите на „Исламската држава“ вршела до 15 налети дневно, и 8 до 10 напади. 

Соработката меѓу Русија и САД во борбата против „Џебхат ан Нусра“ и „Исламската држава“ не е почната, што им овозможува на терористите да држат под своја контрола значителни територии, како и да вршат офанзивни дејствија против регуларната сириска војска, се вели во документот, пренесува „Взгљад“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња