„Меѓутоа работата е во тоа што Русија нема намера да напаѓа никого, а и смешно е тоа, ги читав и вашите аналитички материјали – не само на тие што присуствуваат овде во салата, но и на аналитичарите од САД, од Европа, но тоа е незамисливо просто, глупаво и нереално. Само во Европа има 300 милиони (население) – сите се членки на НАТО, во САД вкупниот број на населението е веројатно околу 600 милиони, во Русија – 146 милиони. Просто е смешно да се зборува за тоа“, изјави Путин, пренесува „Взгљад“.
„Постојано се печатат измислени закани, митски, како ноторната руска воена закана. Навистина, тоа е профитабилно занимање, може нови воени буџети да се добијат во своите сопствени земји, да ги свиткаат сојузниците под интересите на една суперсила, да се прошири НАТО, да се доближи инфраструктурата на Алијансата, воените единици, техниката до нашите граници“, изјави Путим.
Истовремено, според него Русија не гледа реална адаптација на НАТО спрема новите услови. „Структурите кои беа создадени уште во времето на студената војна и кои јасно си го одживеаја својот век, да речеме, таквите како НАТО, без оглед на сите разговори за неопходноста од адаптација кон новите услови, никаква реална адаптација спрема новите услови не се случува“, смета Путин.
Рускиот лидер додаде дека толку важниот механизам за осигурување на заедничката европска и трансатлантска безбедност како што е ОБСЕ, постојано се обидуваат да го претворат во инструмент за служење на нечии надворешнополитички интереси. Како резултат, според зборовите на претседателот на РФ, тој инструмент работи „напразно“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче