ГШ ВС Русија: Воздухопловството на САД бомбардираше училиште во Мосул

Генералштабот на ВС РФ изјави дека продолжува мораториумот на воздушни удари на ВКС Русија во Алепо.

Забележителни успеси на коалицијата предводена од САД во ослободувањето на ирачкиот град Мосул нема, сепак постојат многубројни факти за воздушните напади што таа ги има извршено врз станбени квартови и училишта, изјави началникот на Главната оперативна управа на Генералштабот на ВС Русија Сергеј Рудској.

Според него, жртви на нападите во Мосул станале околу 60 луѓе, вклучително и деца. Исто така, ранети биле и 200 лица.

„Така, на 21 октомври авион на Военото воздухопловство на САД изврши напад врз женското училиште Ал Хаџ Јунус, сместено во јужниот дел на градот Мосул“, изјави Рудској, пренесува „Газета.ру“.

Покрај тоа, тој истакна дека продолжува преминувањето на милитантите од „Исламската држава“ од територијата на Ирак во Сирија. Според информациите на Генералштабот, во градот Деир ез Зор од Мосул веќе пристигнале околу 300 милитанти.

Претходно Генералштабот на ВС РФ изјави дека продолжува мораториумот на воздушни удари на ВКС Русија во Алепо.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња