Русија деноноќно ја следи ситуацијата со помош на повеќе од десетина средства за воздушно набљудување, вклучително и со беспилотни летала, изјави Герасимов. Меѓутоа, без оглед на сета врева во западните медиуми, операцијата за ослободување на Мосул сѐ уште не почнала. „Гледаме само концентрирање на копнена групација и гранатирање со артилерија и авијација на објекти во предградијата“, рече Герасимов, пренесува РИА „Новости“.
Според него, особено внимание на руската војска е насочено кон обидите на милитантите на ИД да се извлечат од Мосул.
Шефот на рускиот Генералштаб се надева дека партнерите во коалицијата предводена од САД ќе разберат до што може да доведат „големи групи на ИД кои слободно талкаат“.
„Затоа е неопходно да не се гонат терористите од една земја во друга, туку на место да се уништуваат“, потенцираше тој, додавајќи дека коалицијата има можност во пракса да ја докаже приврзаноста кон борбата со меѓународниот тероризам.
„За разлика од Сирија и, особено, Алепо, каде американските партнери до ден-денешен не направија ниту еден практичен чекор во таа насока“, заклучи Герасимов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче