Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган вчера потпишаа меѓувладин договор за реализација на проектот „Турски тек“.
Се предвидува изградба на два крака на гасоводот. Првиот крак е планиран за директен подводен транспорт на гас до Турција. Станува збор за транспорт на оние 15 милијарди кубни метри гас кои Турција сега ги добива преку Украина.
Со вториот крак, кој би требало да го транспортира рускиот гас до некои земји во јужна Европа (првенствено до Грција и Бугарија), не беше сè толку јасно поради различни причини, пишува порталот„На линија”.
Прво, Европската унија засега ништо не прецизираше за можните варијанти на гасоводот на нејзина територија. Второ, продолжувањето на гасоводот од Бугарија понатаму во Европа е од формално-економски е оправдано, ако се остават настрана политичките фактори и регулативата на ЕУ. Трето, влезот во ЕУ преку Турција ќе создаде нова транзитна земја.
Иако сѐ уште не решено, вториот крак и понатаму е во план. А двата крака би требало да бидат активирани до крајот на 2019 година, кога истекува договорот за транзит со Украина.
Вториот крак е наменет пред сѐ за Бугарија и Турција, мали количини гас ќе одат за Романија, Молдавија и Македонија. Тоа ќе биде вкупно 6 милијарди кубни метри гас. Останува нерешено прашањето за останатите 9 милијарди кубни метри, со оглед дека вкупниот капацитет на вториот крак ќе биде 15 милијарди кубни метри.
Овде постои можност гасот понатаму да се транспортира во Италија, но тоа повторно зависи од условите на Европската унија.
Во секој случај, со изградбата на „Турски тек“, Украина ќе го изгуби статусот на транзитна земја за гас не само за Турција, туку и за Бугарија и Грција.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче