Медиум: германските инвестиции во Русија достигнаа рекордно ниво

Во првото полугодие од тековната година, обемот на директни инвестиции од Германија достигнал 1,73 милијарди евра. Притоа за целата 2015 година овој показател достигнал 1,78 милијарди евра.

Русија високо се котира меѓу германските инвеститори: во првото полугодие од 2016 година, германските компании вложиле во Русија речиси исто толку, колку што вложиле за целата 2015 година, пишува германски „Шпигел“ повикувајќи се на податоци на германско-руската трговско-индустриска комора и Германската федерална банка.

Во првото полугодие од тековната година, обемот на директни инвестиции од Германија достигнал 1,73 милијарди евра. Притоа за целата 2015 година овој показател достигнал 1,78 милијарди евра.

„Само во вториот квартал од 2016 година германските претпријатија инвестирале 655 милиони евра - трипати повеќе отколку истиот период минатата година“, се вели во статијата.

Едно од средствата за привлекување странски инвестиции во Русија е таканаречениот  посебен инвестициски договор. На пример, еден од водечките производители на земјоделска техника во светот – германската компанија „Клаас“ (Claas) – потпиша со Министерството за индустрија и трговија на РФ посебен инвестициски договор со кој претпријатието добива статус на „руски производител“ и може да претендира на државни субвенции.

Странските компании, од своја страна, се обврзуваат да инвестираат во производства какви засега нема во Русија. Минималната сума на инвестиции изнесува 10 милиони евра.

 

 

 

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња