Според информациите на руската војска, нападот бил извршен ноќе. Биле уништени две куќи, шест лица загинале, а четворица биле ранети.
Центарот за помирување истакна дека во реонот на бомбардирањето немало руски или сириски авиони. Притоа се забележани авиони-ловци на меѓународната коалиција предводена од САД.
„Со средствата за контрола на ситуацијата во воздухот во наведеното време во наведениот реон беа регистрирани два F-16 на Военото воздухопловство на Кралството Белгија“, се вели во документот објавен на сајтот на руското Министерство за одбрана, пренесува РИА „Новости“.
Настанот го коментираше МНР Русија. Портпаролот на МНР РФ Марија Захарова истакна дека Москва очекува реакција од САД.
„Очекуваме изјава на Стејт департментот со остра осуда на нападите врз цивилните објекти и убиството на цивилите. Мислам дека нема да биде тешко да се најдат фотографии од загинатите за да се покрене соодветна кампања на Си-Ен-Ен“, напиша Захарова на „Фејсбук“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче