Лавров: Русија ќе преземе воени мерки ако ИД од Мосул се повлече во Сирија

Русија ќе преземе воени и политички мерки во случај на повлекување на милитантите на „Исламската држава“ од ирачкиот град Мосул во Сирија, изјави шефот на руското МНР Сергеј Лавров.

„Коридорот (од Мосул), кој останува, создава ризик дека „идиловците“ од Ирак ќе заминат во Сирија. Ние, се разбира, ќе ја проценуваме ситуацијата и ќе носиме одлуки како од политичка, така и од воена природа доколку тоа се случи и доколку во Сирија, каде нашата група работи на барање на легалната влада, се појават дополнителни контингенти на ИД“, изјави Лавров на прес-конференција во Москва, пренесува РТ на руски.

Тој исто така го нарече гест на добра волја запирањето на летовите на руската авијација и сириското воено воздухопловство во реонот на Алепо.

„Запирањето на летовите во Сирија е гест на добра волја со надеж дека паузата што е сега објавена, ќе биде искористена за најпосле да се одвојат од „Џебхат ан Нусра“ оние вооружени формации кои ги поддржуваат, опремуваат, вооружуваат САД, низа европски земји и земји од регионот“, изјави Лавров.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња