БРИКС ќе се зафати со реформа на МВФ и на Интернетот

Извор: Алексеј Дружинин / РИА Новости

Извор: Алексеј Дружинин / РИА Новости

Од 1 април Русија официјално ќе го заземе местото претседател на групата БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина, ОАР). Како што велат во руското МНР, главни задачи за БРИКС во 2015 година ќе бидат деблокирање на реформите на ММФ, донесување стратегија за економско партнерство, активација на соработката во социјалната и во научно-техничката сфера, борба со трговијата со наркотици и сајбер-безбедноста.

За плановите на Русија за време на претседателствувањето со БРИКС на прес-конференција зборуваше амбасадорот за посебни задачи на МНР на РФ Вадим Луков, кој е коемисар на Русија во БРИКС. 

Прва цел на претседателството на Русија во БРИКС, според дипломатот, е „Зацврстување на позициите на БРИКС во меѓународниот систем и врз основа на тоа, секако, зацврстување на позициите на Русија во светската политика и економија“. „Второ е искористувањето на механизмите на БРИКС за зацврстување на стратешката стабилност, зацврстување на нераспространувањето на оружје за масовно уништување, борба со меѓународниот тероризам, зацврстување на меѓународната информациска безбедност“, забележа Луков. 

Алтернативата на ММФ станува реалност
Руската Влада ја одобри нацрт-спогодбата за основање заеднички стабилизациски фонд на релативни девизни резерви на Бразил, Русија, Индија, Кина и на Јужноафриканската Република со вкупен капитал од 100 милијарди долари. Новата финансиска структура ќе биде конкуренција на Меѓународниот монетарен фонд, а постои можност нејзиното седиште да се наоѓа во Русија.

Во економска сфера се планира да се донесе стратегија за економско партнерство на земјите од БРИКС, која е изработена врз основа на руско-кинескиот проект. Како што појасни Вадим Луков, експертската расправа за документот ќе се одржи на 15 април, а неговото потпишување може да се случи на самитот во Уфа. За првпат се планира да се разгледаат нови аспекти на соработка, кои се однесуваат на енергетиката и на експлоатацијата на рудни богатства. 

„Главното забрзување што треба да го направиме се однесува на деблокада на реформата на ММФ, која веќе три години тапка во место поради позицијата на конгресот на САД. Администрацијата на Барак Обама не е против, но таа нема парламентарно мнозинство во конгресот“, подвлече Вадим Луков. 

Важна насока во проширувањето на соработката ќе биде социјалната сфера. Во прв ред земјите на БРИКС ќе почнат со размена на искуство и технологии во областа на здравството – борбата со срцевите и инфекциските заболувања. Сега, како што изјавува дипломатот, на оваа тема се подготвува голема научно-практична конференција. Освен тоа, планирано е да се прошири научно-техничката соработка и соработката во сферата на образованието – на пример, веќе се дискутираше за отворање на низа универзитети.

„Made in BRICS“
Министрите за економија и за трговија на земјите на БРИКС ќе се соберат кон средината на јули во Бразил. Во рамките на оваа средба планирано е Москва и Бразил да потпишат заеднички план за развој на соработката за 20014-20015 година. Во рамките на средбата министрите ќе го разгледаат создавањето услови за развој на електронската трговија без ограничувања меѓу земјите-членки.

Уште еден аспект во соработката претставува безбедноста и борбата со заканите што се заеднички за земјите од БРИКС. „Во рамките на меѓународно-политичката насока на нашата работа ќе посветиме особено внимание на темата за Блискиот Исток и за Северна Африка“, забележа Луков. Според него, во овој регион се наоѓа „рак-раната и на тероризмот и на трговијата со наркотици“. Планирано е да се создаде работна група за борба со трговијата со наркотици, а исто така и да се разгледа проблемот на монополизација на Интернетот од страна на САД и можно учество во управувањето со него од страна на БРИКС. 

„Интернетот сега се наоѓа во рацете на крупни американски играчи кои не дозволуваат управување од страна на незападните земји. Тие работат за владата на САД и работат во глобални рамки. Тоа е неправедно и не е безбедно за земјите од БРИКС, кои имаат неколку милијарди корисници. Токму поради тоа оваа година е планирано да се организира средба на министрите за врски на земјите учеснички“, изјави Вадим Луков. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња